Skip to main content

Пензионери

Исплата на јулските пензии на 27 јули

Со цел да излезат во пресрет на потребите на клиентите, НЛБ Банка, Комерцијална и Шпаркасе ќе ги исплатат пензиите на 27.07.2022 (среда).
 |  инфодеск  | 
Пензионери

Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ банка и Шпаркасе ќе започнат со исплата на јулските пензии од среда, (27.07.2022).

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од среда и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

  • Среда, 27.07.2022 година, исплата на пензии до 11.000 денари,
  • Четврток, 28.07.2022 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари,
  • Петок, 29.07.2022 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари,
  • Понеделник, 01.08.2022 година, исплата на пензии над 18.000 денари.

За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот ковид 19 на сите корисници на банкарски услуги, од банките апелираат при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка строго да се почитува наведениот распоред, да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.