Исплатата на обештетувањето од земјотресите повторно пролонгирана
Повторно се пролонгира исплатата на средствата на граѓаните кои претрпеа штети од силниот земјотрес кој минатото лето го погоди Охрид. Иако од портпаролот на Владата беше изјавено дека до крајот на Април ќе знаат дали и во колкава висина ќе бидат обештетени, пари сеуште не се префрлени. Денес до Општинската комисија за проценка на штети стигнало известување од Републичката комисија дека треба да се направат нови корекции во табеларните прегледи.

Граѓаните кои чекаат оштета поради претрпените штети од земјотресот ќе почекаат. Иако портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, изјави дека исплатата ќе започне до крајот на Април, работата повторно се изјалови. Денес до Општинската комисија за проценка на штети стигнало известување од Републичката комисија дека треба да се направат некои корекции во табеларните прегледи за 35те објекти кои се најоштетени. Општинаската комисија тие корекции ќе ги направи во наредниве неколку дена и ќе ги испрати до Републичката комисија.
„Во текот на овој месец нема да има исплата на парите бидејќи Комисијата се состанува еднаш или два пати месечно и уште еден месец ќе се пролонгира исплатата“ вели Раде Велјановски- претседател на општинска комисија за проценка на штети.
Од земјотресот очекуваат обештетување 862 граѓани, од кои 62 се деловни субјекти, а останатите се физички лица. За 15 објекти е утврдено дека воопшто не се за живеење, а проценката за направените штети од општинската комисија е околу еден милион евра. Секојдневно по триесеттина странки доаѓаат и прашуваат кога ќе им бидат исплатени парите, вели претседателот на општинската комисија. Засега можат да здивнат само граѓаните кои чекаа да бидат обештетено од студот и мразот кој го зафати регионов на 26 Април 2017год. Од минатата недела започна исплатата на овие средства.
„Сукцесивно ќе се исплаќаат на сметките на земјоделците. Во прашање се 35 општини во цела држава и на сите ќе им бидат исплатени средствата.“ објаснува Велјаноски.
Обештетување од мразот во општина Охрид чекаат 465граѓани, а во Општина Дебрца околу 850. Обештетувањето е 10% од направената проценка.