Skip to main content

Исплатата на поврат на ДДВ доцни поради технички прилагодувања

Голем број граѓани сеуште немаат добиено повраток на ДДВ од скенираните сметки за првото тромесечје од 2021.

 |   | 

За првото тромесечје исплатите требаше да се извршат во текот на месец мај, како што беше изминатава година и пол откако е воведена мерката. Но, сега граѓани кои имаат уредно пријавени податоци и досега редовно добивале поврат на пари, немаат исплата.

Од Управата за јавни приходи велат дека правеле технички пролагодувања за да имаат поголема контрола на исплатите и затоа дел од граѓаните немаат добиено пари. Во следните денови ќе се исплатат средствата кај преостанатите граѓани кај кои сѐ уште не е реализирана исплатата.

– Сѐ уште нереализираната исплата кај овие граѓани се должи на несредените податоци, односно погрешна или згасната трансакциска сметка, како и поради технички прилагодувања кои беа правени со цел да обезбедат поголема контрола при исплатите. Исплата не се извршила и кај дел од граѓаните кои имаат точни податоци, бидејќи биле содржани во налог за исплата каде се наоѓале и граѓани со погрешни трансакциски сметки“, велат од Управата за јавни приходи.
Проектот „Мој ДДВ“ Владата го воведе од први јули 2019, а преку скенирање фискални сметки се добива поврат на ДДВ најмногу до 600 денари месечно односно за едно тромесечје до 1.800 денари.
извор: Сакам да кажам