Денес во село Сливово во пресрет на чествување на големиот Христијански празник посветен на св.Илија и чествување на Востанието на македонскиот народ 2-ри Август 1903 – Илинденско востание, се одржа настан на формирање на илинденска коњаница која почнуваќи од село Сливово преку село Песочани и падините на планината Славеј ќе се упатат кон село Ташмаруништа.
Дебрца има богата историја започнуваќи од Илинденско Востание се до формирање на партизански одреди како и донесување на одлуката за возобновување на Охридската архепископија како и Македонската православна црква.
Историските моменти се нераскинлив дел од Дебрца, борбите на комитите по падините на планините на територија на Дебрца за слободна Македонија се паметат и се чествуваат.
На коњаницата им се заблагодаривме за можноста селото Сливово да биде местото на тргнување и започнување на чествувањата на празникот св.Илија – Илинден и во име на Градоначалникот на општина Дебрца им посакавме мирен галоп по падините на територија на Дебрца како и безбедно стигнување до крајната дестинација, се вели во соопштението од Општина Дебрца.