Skip to main content

Испуштениот фосфор во близина на Поградец не е еколошки инцидент, велат од албанската страна

Еколошко згадување со испуштање на фосфор  се случи  викендов на албанската страна на Охридското Езеро.

 |  Валентина Неловска  | 
drilon
drilon

 Еколошко згадување со испуштање фосфор се случи викендов на албанската страна на Охридското Езеро, кај селото Дрилон, 3 и пол километри  до граничниот премин „Св. Наум“.

Првичните информации  укажуваат дека се работи за загадување на Охридското Езеро со фосфор, мошне опасна материја која го забрзува процесот на стареење на езерото. Аријан Мероли од Билатералниот Секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Албанска страна негира дека станува збор за еколошки инцидент.

zagaduvanjeОбјаснува дека е вообичаен процес на третирање на отпадните води и дека во моментот тоа може да се изврши само со механичко и биолошко третирање на водите од колекторот и на двете страни на езерото. За хемиско третирање на отпадните води, меѓу кои е и елиминирањето на фосфоро, засега нема можност. Истото на албанската страна од езерото ќе започне да се гради во јануари 2013 година, кажува Мероли.

Од ЕД„ Грашница“  не се согласуваат со овој одговор од албанската страна. Тие велат дека хранењето на езерото со фосфор преку вакви инциденти енормно го забрзува растот на водната вегетација која потоа се распаѓа, за што треба кислород и дека пастрмката е прва на удар која живее во води богати со кислород.
Тие бараат истовремено нашите надлежни служби да ја проверат работата на пречистителната станица од македонска страна која ги испушта пречистените води во Црн Дрим. Од ЕД „Грашница“ велат дека многупати реагирале за неработењето на пумпните станици и внес на отпадни води на повеќе локации – бајпасот кај Грашница, Далјан, Подмолје, но ова е инцидент кој никако не смее да се повтори.

{loadposition content9}