Skip to main content

Истекува рокот за легализација на дивоградби

Истекува рокот за легализација на бесправно изградените објекти и тераси. Охриѓани брзаат да го запазат датумот кој го одреди Владата на РМ, а тоа е 31 март. Во сервисот на локалната секојдневно пристигнуваат и по десетина барања.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Кај охриѓани има голем интерес за легализација на бесправно изградените објекти и тераси. Досега до сервисот на Локланата самоуправа поднесени се 936 барања. Секојдневно се доставуваат по десетина, кажува портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски. Но, само оние објекти кои се изградени до 3ти март 2013та година можат да се легализираат. Се останато нема право да биде легализирано, објаснува Џамтоски. Тој додава дека охриѓани брзаат да го запазат рокот кој го даде Владата на РМ, а тоа е 31 март.

Сеуште службите не се започнати со решавање на предметите кои се веќе стигнати бидејќи мора да се запази рокот до 31 март до кога граѓаните имаат право да поднесуваат барања за бесправно изградени објекти. После тоа следуваат другите постапки за легализација на истите, вели портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски.

Доколку и има некакви обиди за легализација на објекти кои се изградени после 3ти март 2013та година нема да поминат со позитивен епилог, кажува портпаролот на Локалната. Џамтоски објаснува дека државата нашла механизми како да се заштити од ваквата појава. Локалната самоуправа, односно  инспекторатот ќе постапи по сите барање кои ги имаат доставено граѓаните, но инспекторите ќе одат на терен и ќе вршат фото документација со што ќе се утврди кога објектот е граден.

Направен е тим од експерти кој го сочинуваат правници, архитекти и други стручни лица кои после секое поднесено барање излегуваат на терен за да ја утврдат фактичката состојба, биудејќи на хартија работите можат да се поинакви отколку на терен, вели Џамтоски.

Доколку поднесувањето на барањата од страна на граѓаните продолжи со ова темпо конечната бројка ќе биде за околу 300 поголема од оваа што е сега. По завршувањето на рокот ќе започне постапката за регистрација на овие нови предмети.