Skip to main content

Собранието донесе законски измени

Истекува рокот за преименување на бугарските клубови

Од бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ побарале промена на името, додека „Ванчо Михајлов“ ќе поднесе жалба на одлуката на македонските власти.
 |  инфодеск  | 
Цар Борис

Денеска истекува рокот за преименување на двата бугарски клуба во земјава, според законот со кој се осудува промовирање фашизам. Од клубот „Цар Борис Трети“ побарале промена, од „Иван Михајлов“ најавуваат тужба.

По отворањето на бугарски здруженија и клубови во Македонија кои носат имиња на спорни историски личности, Собранието донесе законски измени со кои се осудува промовирањето фашизам и нацизам. Измените предвидуваат во иднина да не може да се регистрираат организации со контроверзни имиња, по примерот на двете бугарски здруженија и истоимените клубови. Веќе формираните пак добија рок од три месеци за промена на имињата, кој истекува денеска, по што треба да бидат избришани од Централен регистар.

Во двете земји различно се толкуваат историски личности и настани од поблиското минато, што ги обременува односите меѓу двете земји. Ванчо Михајлов, родум од штипско Ново Село, бил соработник на фашистите во Втората светска војна, кој тврдел дека Македонците се Бугари. Цар Борис Трети владеел во Бугарија од 1918 до 1943 година, а во негово време во 1941 година Бугарија станува сојузник на нацистичка Германија, со што за возврат добива територии, вклучително и дел од денешна Македонија.