Skip to main content

Загадување на Охридско Езеро

Истекуваат отпадни води кај едрличарски сојуз

Водата кај сидриштето кај едриличарски сојуз деградирана до 5та категорија. Причина е влевањето отпадни води од цевка од која треба да истекува атмосферска вода. Проблемот се провлекува со години наназад. Од Центарот за јавно здравје, согласно последната анализа предупредуваат водата на овој потег да не се употребува за капење рекреација и спортови на вода.
 |  Маја Савиќ  | 
цевка отпадни води

Водата која истекува од цевката пред eдриличарски сојуз кај Мазија се уште е директен загадувач на езерото . Од цевката во езерските води и понатаму со атмосферска вода се влеваат и отпадни води од канализацијата. Ова го покажале последните испитувања на примероците вода земени на овој потег исвршени од страна на Центарот за Јавно здравје.

„На ден 12.08.2022 година во присуство на Инспектор од ДСЗИ-Охрид д-р Августина Мијалкова земен е примерок вода од цевката од која треба да се излива атмосферска вода како и десно од цевката на растојание од 50-80ц. од езерската вода. Констатирано е дека водата од цевката и микробиолошки и хемиски припаѓа на 5-та класа, додека водата од езерото во близина на цевката одговара на : микробиолошка класификација НЕЗАДОВОЛИТЕЛНА а хемиски на 3-та класа. Водата од езерото на потегот кај едриличарски сојуз НЕ СМЕЕ ДА СЕ УПОТРЕБУВА ЗА КАПЕЊЕ И РЕКРЕАЦИЈА КАКО И ЗА СПОРТОВИ НА ВОДА се додека водата од атмосферската канализациона мрежа не е прочистена до 1-ва или 2-ра класа. “ предупредува Д-р Лидија Симоноска, Специјалист по хигиена и здравствена екологија.

Во јанури годинава по барање на Општинскиот инспектор за заштита на животна средина извршен бил мониторинг и водата била од 5та класа. Но потоа биле превзмени мерки од страна на Инспектор за екологија и заштита на животна средина по што состојбата релативно се подобрила. Односно, на почетокот и крајот на февруари, анализите на примероците на вода покажале дека водата која истекува од цевката микробиолошки и хемиски одговарала на 3-та класа .
Земените примероци вода од плажите пред х.Милениум и плажа пред Езерска Полиција кои се наоѓаат во близина на едриличарскиот сојуз, покажале дека водата и на двете плажи микробиолошки е со класификација ОДЛИЧНА , а хемиски ПРВА КЛАСА.

Известувањето од Центарот за Јавно здравје, во врска со загадувањето на Охридско Езеро кај едриличарски сојуз, е доставено до: ДСЗИ-ПЕ Охрид, Градоначалникот на Охрид, Општински инспектор за заштита на животна средина, Државен инспектор за заштита на животна средина-Охрид и Институт за јавно здравје Скопје.

Проблемот со влевањето атмосферска вода измешана со фекални отпадни води од кои се шири непријатна миризба на потегот кај сидриштето кај eдриличарски соју се провлекува со години наназад но надлежните досега немаат изнајдено трајно решение.