Истражувачко новинарство во екологијата
Истражувачко новинарство во екологијата. Нов проект на граѓанскот здружение „Флорозон“, во соработка со медиумите. Нивните истражувања покажале дека слаба е застапеноста на еколошките теми и проблеми во медиумите на ниво на земјава. Постојат повеќе аспекти поради ваквата состојба сметаат претставниците на граѓанските здруженија и дел од новинарите кои ја работат проблематиката од еколошката сфера.
Новинарите и медиумите парцијално ги познаваат проблемите од животната средина и така известуваат. Првата од четирите тематски работилници за развој на капацитети кај одбрани чинители поврзани со развојот на еколошкото истражувачко новинарство ја обработува легислативата за пристап на информации и учество во донесувањето на одлуки, појаснува проект менаџерот Кирил Ристоски. Според неговите размислувања еколошките теми и проблеми малку се застапени во медиумскиот етер и тоа во лимитиран временски период во текот на годината.
„Застапеноста на еколошките теми и проблеми во медиумскиот простор е некаде под 5% и ова пред се е причина поради недоволното познавање на пред се еколошката легислатива и еколошките закони и подзаконски акти од страна на новинарите, а од друга страна пак локалните граѓански организации кои што делуваат во определени тематски области кои што ја покриваат екологијата недоволно соработуваат со локалните медиуми поради пак нивниот слаб капацитет за медиумско застапување и лобирање“ – вели Ристоски.
Гоце Трпковски, новинар, вели дека еколошките теми ги работат мал број на луѓе во одреден медиум. Според него, новинарот треба да има способност да препознае конкретни теми и приказни за да може да ги „продаде“ на уредникот со цел да добие зелено светло за да ги работи.
„Главниот капитал е во знаењата на податоците, од каде да се земат, како да се прочитаат и кои експерти се најдобри сето тоа да го протолкуваат и да може сето тоа полесно да и се претстави на јавноста. Умешноста е исто така многу стручна и комплекна тема да се претстави на едноставен начин тука најмногу е истакната делот на новинарите“.
Проектот истражувачко новинарство во екологијата, треба да овозможи еден полесен трансфер на релевантни податоци помеѓу граѓанските организации и медиумите до пошироката јавност преку овозможување на ефективни алатки за граѓанско новинарство и пред се овозможување на десеминација на информации преку нов информативен портал кој што од овој месец ќе биде пласиран во јавноста, како што велат организаторите од граѓанскот здружение „Флорозон“.