Skip to main content

Итна медицинска помош од денес во Љубаништа

После Пештани, од денес во функциија е ставена и амбулантата во охридското село Љубаништа. Медицинска екипа на Здравствен дом Охрид секој ден по 8 часа, односно од 10 до 18 часот, доколку има потреба ќе интервенира во туристичките места Љубаништа, Трпејца и Св Наум.

 |  Николоска Биљана  | 
ljubanista
љубаништа

dabeskiЗапочна да функционира амбулантата во Љубаништа. Истата ќе работи секој ден од 10 до 18 часот. Според изјавата на директорот на Здравствен дом, Митко Дабески, со отварањето на амбулантата во Љубаништа ќе се постигне поголема мобилност и брза интервенција во населбите и плажите во околината на Љубаништа.

„Тим доктор, сестра и шофер со возило, тие 8 часа ќе бидат таму и ќе прегледуваат пациенти во амбулантата во тој дел Трпејца и Љубаништа ќе ги покрива и плажите до Св Наум до границата и долу плажите“.

Амбулантата во Љубаништа требаше да биде отворена од 1 јули. Дабески ги открива причините зоште се доцни цели 15 дена.

ljubanista„Ова беше планирано уште поодамна да се почна да се стартува со амбулантата како што стартува од 1 ви јули амбулантата во село Пештеани но заради кадар докторите немаавме кадар, сега се доекипиравме и од денес функционираме“.

Двете амбуланти во Пештани и Љубаништа ќе работат до септември. Дабески информира дека сезонава нивната установа е вклучена во речиси сите проекти на Министерството за здравство, како што е акцијата „Здравје за сите“.  Бесплатни прегледи, мерење на крвен притисок, гликемија и бесплатни здравствени совети за време на топлотниот бран, кои се спроведуваат во соработка со Црвениот крст на Охрид и Центарот за јавно здравје, се достапни за граѓаните  секој ден од 18 до 21 часот на малиот градски плоштад.

{loadposition content9}