Ивана Маховска Шикалеска од ОУ „Григор Прличев“ повторно доби признание од Гете- Институт како најдобар наставник по Германски јазик. Таа е дел од тимот најдобри наставници во Македонија.
Гете- Институт Скопје неколку години наназад доделува награда за најдобар наставник по Германски јазик, за која наставниците треба да изготват проект на дадена тема. Гете Институт ја следи постојано работата на наставниците во државата и ја помага нивната работа, па во донесувањето одлука влијае и целокупната работа на наставникот.
Маховска Шикалеска го доби признанието Најдобар наставник по Германски јазик за проектот „Spieglidigli” кој беше трето место, а кој го изработи со учениците од подрачното училиште на ОУ „Григор Прличев“ во нас. Рача.
„Во проектот „Spieglidigli” главна улога има олегладо – олицетворение на реалноста наспроти виртуелниот свет на интернетот. Кога го најавив проектот Spieglidiegli , реков дека тоа е само обично огледало зад кое се крие ученик… ама еве било и огледало кое ја покажува реалноста и кое ме доведе и мене и учениците пак во редот на најдобрите наставници по германски јазик на 3. место во Македонија. “ – вели Маховска Шикалеска.
Наставничката им се заблагодари на своите вредни „прличевци“ за вложениот труд во реализацијата на проектот. Дисеминација на оваа активност самите ученици од ООУ„ Григор Прличев„ нас. Рача, учесници во проектот, ќе извршат во повеќе одделенија и училишта. Преку „Spieglidigli” учениците осознаваат дека не треба да се верува во се’ што сервира интернетот, дека реалноста и кога не е розова е подобра од вируелните лаги , а сето тоа преку учење на Германскиот јазик.
Ова е второ вакво признание за Маховска Шикалеска. Предходно во 2018 година ја доби првата наградата за Најдобар наставник по Германски јазик за проектот „Туристички водич за тинејџери„ кој својата одржливост ја имаше неколку години потоа.