Skip to main content

Избирачките одбори без проблеми уредно ги презедоа изборните материјали

Избирачкиот материјал без проблеми предаден на избирачките одбори

 |  Валентина Неловска  | 
оик
оик

Избирачкиот материјал без проблеми предаден на избирачките одбори. Утре охриѓаните ќе избираат градоначалник и советници. Денес е молк и граѓаните ги сумираат сите ветувања дадени од политичарите во текот на двонеделната изборна кампања.  50.686 охриѓани запишани во единствениот избирачки список  утре од 7 до 19 часот ќе можат да го дадат својот глас за  градоначалник и советници во градскиот Совет.
Предавањето на избирачкиот материјал протече во најдобра ред, информира претседателката на ОИК, Марика Костадиноска.
материјали
„ Досега нема забелешки и нерегуларности, се зема материјал по ред, распоредот и сатницата, се се одвива во најдобар ред. Задача на преставниците на избирачките одбори е да одат по домовите за да гласаат болните лица“, кажува Костадиноска.

Денес гласаа затворениците и болните лица.

„За остварување на ова право во ОИК се пријавиле 19 затвореници и 276 болни лица. За гласање во домашни услови биле поднесени пријави од 63 избирачки места. Најмногу пријавени болни лица се поднесени за избирачките места во Пештани и Велгошти.  23 тројца велгоштани ќе гласаат во домашни услови“, напоменува претседателката на ОИК.

Охриѓани ќе гласаат на 73 избирачки места. Од нив  7 гласачки места се со промена на локацијата. Избирачкото место во општина е префрлено во економското училиште, од Центарот за социјални работи во Агенцијата за вработување,од Живинарска фарма во Градинар, од Амбулантата Воска во училиштето Братство Единство. Гласачите пак, од избирачкото место во  задругата Напредок во Бејбунар утре ќе гласаат во приватен објект во близина на обложувалницата „Спорт лајф“, а гласачите од ул. Кленоец во нов приватен објект брашнара.
 

{loadposition content9}