Skip to main content

Изборот на приватен партнер за изградба на затворениот пазар ќе биде жешката тема на петочната седница на Совет

Градските советници во петок ќе гласаат за проценетите штети од снежните наноси, како и настанатите штети од пожар и невремето кое го зафати Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
sednica
седница

Советниците на град Охрид во петок ќе гласаат по неколку интересни предлог одлуки кои се од интерес за јавноста.

sednicaНа 36та седница на Советот, градските советници ќе треба да се произнесат по однос на елаборатот за проценка на штетите од снежните наноси во нашата општина од крајот на минатата година, а исто така ќе се дискутира и по однос на записниците за проценка на настанатите штети од пожар и невреме на подрачјето на општината. Особено внимание привлекува третата точка на дневниот ред, а која се однесува на изборот на приватен партнер за изградба на затворениот зелен пазар во Охрид. На оваа предлог одлука и претходеше отворање на понудите доставени на третиот тендер за затворениот пазар, а на кој беше пристигната една понуда, онаа од градежната фирма АД „Илинден“ од Струга. Покрај другото, на 36та седница ќе се дискутира и околу ценовниците за извршување услуги на МЈП „Проаква“, „Охридски комуналец“, „Градски гробишта“, и јавното претпријатие „Нискоградба“.

Останатите предлог одлуки се од сферата на урбанизмот, а дел од нив се однесуваат на иницијативи за изработка на ДУП-ови, донесување на урбанистички планови за вон населено место, како и утврдување потреба за донесување урбанистичко планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти .

{loadposition content9}