Финансиска поддршка од Општина Охрид за Здружението за поддршка на лица со аутистичен спектар и атипичен развој
„Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој“ ќе добие финансиска поддршка од Општина Охрид.
„Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој“ ќе добие финансиска поддршка од Општина Охрид.
По распишаниот Јавен повик за финансиска поддршка на граѓанска организација која координира центар на територија на Општина Охрид која згрижува деца со атипичен развој, градоначалникот Кирил Пецаков донесе одлука за избор на „Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој“.