ООУ „Григор Прличев“
Избрани најуспешните ученици од ООУ „Григор Прличев“
Наставничкиот совет од ООУ „Грлигор Прличев“ за учебната 2024/2025 година ја избра Нина Кузманоска за првенец на генерација.
Од ООУ „Григор Прличев“ информираат дека согласно Правилникот за номинирање, избор и прогласување на првенец на генерација и пофалени ученици при ООУ „Григор Прличев” Охрид, Наставничкиот совет ја избра ученичката Нина Кузманоска за првенец на генерацијата.
Покрај Нина, како дел од најуспешните ученици се избрани и Виктор Милески, Калина Симоноска, Јована Јолевска, Мартина Димоска, Лора Шумуликоска, Марија Ламбеска, Сандра Ническа, Леа Шумуликоска и Андреј Галевски.
-На сите ученици им посакуваме успех во понатамошниот тек на своето образование и им благодариме што гордо чекореа по стапките на Прличев, стои во соопштението од школото.


