Избрани новите членовите на ИО и НО на ОО СДСМ Охрид
Синоќа на општинска Конференција се избраа членовите на ИО и НО на ОО СДСМ Охрид.
Претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Асен Шајн истакна дека со новиот ИО и НО ќе и дадат на партијата чувство на дисциплина, чувство за професионализам, чувство за достигнување на цел, посочувајќи дека тоа е нешто што никогаш не треба да го изгубат.
„Ќе се трудиме да го промениме начинот на кој размислуваме. Но, не е доволно само да зборуваме за справување со проблемите. Ние сите мора да ги имаме вистинските идеи за да ги смениме тие работи кои се рак рана на партијата преку промена на начинот на кој се однесуваме, преку отворен разговор и достапност“, истакна претседателот на ОО СДСМ Охрид Асен Шајн.
Воедно се заблагодари на досегашните членови на ИО и НО и го поздрави конструктивниот дијалог и размислувања и ставови на вчерашната Конференција. На Конференцијата беше присутен и Потпретседателот на СДСМ, Методија Илијевски, кој ја поздрави општинската конференција и му посака на членството сплотеност и заедништво, како најсигурна основа за враќање на партијата на победничките патеки.
-ОО на СДСМ Охрид во име на своите членови, активисти и симпатизери им посакува плодна и успешна работа на членовите на ИО и НО, се додава во нивното соопштение.