8 станари и еден пожарникар завршија во болница по пожарот во подземна гаража во станбена зграда во центарот на Охрид
Утрово, нешто после полноќ во пожарот целосно изгореле две возила, а десетина се оштетени, информираат од охридската ТППЕ. Станарите биле евакуирани, а деветмина меѓу кои и еден пожарникар биле пренесени во охридската болница поради вдижување јаглеорден моноксид. Сите се во стабилна состојба и пуштени на домашно лекување.
Избувна пожар во гаражниот, подземен дел во комплексот згради во центарот на Охрид кај поранешната стара автобуска станица утрово по полноќ. Во пожарот целосно изгорени се 2 возила, а 10 тина се оштетени. Територијалната противпожарна единица од Охрид (ТППЕ) интервенирала на повик за пожар 40 минути после полноќ во гаражата на комплексот згради. Во гаснење на пожарот биле ангажирани 4 возила со 15 пожарникари.
Станарите од двете згради, од двата влеза од стамбениот комплес, биле евакуирани заради густиот чад, информираат од ТППЕ. 8мина станари и еден пожарникар заради вдишување на јаглероден моноксид со возило нa брза помош биле пренесени во општата болница. Сите се со лесна клиничка слика, изјави за ТВМ , д-р Горан Балески , директорот на охридската Општа болница .
„После полноќ во Општа болница на интерното одделение се донесени 9 пациенти со различна клиничка слика. Некој се задржани , некој останаа на интерното одделние. 2ца се упатени на хирургија и една пациентка на гинекологија. Сите се поставени на адекватна терапија и кислорода поддршка од труење со јаглерод моноксид. Сите се во стабилна сoстојба и се испратени на домашно лекување“.
Од СВР Охрид информираа дека пожарот кај нив бил пријавен во 36 мин по полноќ за опожарени патнички моторни возила во подземни простории од зграда на улица Ново проектирана.