Исчезнува звукот на длетото

На изветвената и испрашена црно бела фотографија закачена на ѕидот од резбарската работилница заробен е еден момент од животот на стариот резбар. Гледајќи ја фотографијата Љубен Џамбазов со носталгија си припомнува  на деновите од младоста поминати во изучување на резбарскиот занает.

 |  Валентина Нелоска  | 
rezbar janko
резбар Јанко

rezbarНа изветвената и испрашена црно бела фотографија закачена на ѕидот од резбарската работилница заробен е еден момент од животот на стариот резбар. Гледајќи ја фотографијата Љубен Џамбазов со носталгија си припомнува  на деновите од младоста поминати во изучување на резбарскиот занает. Во сеќавањата се  навраќа во 50-ите години од минатиот век кога го  изучувал занаетот во Атељето за уметничка резба. 

rezbaЧичко Љубен на фотографијата ги набројува  своите соученици ама си спомнува и за  сите познати охридски резбари од познатата Дуборезачка школа, Славе Крстанче, Ѓоре Боче, Перо Калајџи, Димче Јанко, Душко и Номче Доневи.Џамбазов припаѓа на последната генерација ученици на Атељето за уметничка резба, Дуборезачка.  Занаетот го изучувал во просториите на денешното музичко училиште. Се сеќава резбарот  Џамбазов, Атељето сменило неколку простори, почнувајќи од објектите каде што некогаш биле сместени  Соколаната, Проаква во близина на Билјанини Извори  и старото музичко училиште на кејот. Атељето започнало со работа во 1947 година, а  згаснало по 15 години, некаде во 1962 година од минатиот век. Професорите го напуштија Охрид вели чичко Љубен.

dletaПред да се формира Атељето во Охрид, предходно пред  25 години,  во 1925 година започнала една необична иницијатива за обновување на копаничарската традиција. Темелите на Дуборезачка ги поставил познатиот уметник, скулптор и вајар, крагуевчанецот Бранислав Јованчевиќ. По завршувањето на Првата светска војна животниот пат го носи во Охрид. Тој се сретнува со тогашниот Владика во Охрид, д-р Николај Велимировиќ и ја прифаќа сугестијата на Владиката да ја обнови згасната копаничарска традиција од мијачките мајстори, за да се извлече од депресијата во која западнал за време на Првата светска војна. Јованчевиќ во виорот на војната доаѓа од Франција како доброволец во штабот на Франш Депере, на Кајмакчалан,  но судбината сакала да заврши во Охирд и да го обнови резбарството  во Македонија. Во Охрид  за прв пат го открива копаничарството како вековно искуство на обработка и украсување на дрво, како драгоцена традиција за која одлучил  да се грижи.  Бране Јовановиќ заминува во расадникот на вештите раце, кај наследниците на прочуените мијачки резбари во манастирот Св. Јован Бигорски кај Дебар.  Ја собрал првата група ученици па со нив се сели во Охрид. Тука, се формира школа која во 1925 година ја основала Кралска Југославија во рамките на Министерството за индустрија и трговија како системска поддршка за подеднаков развој на регионите во склоп на  државната творба која се создала по завршувањето на Балканските војни и Првата светска војна. Школата прераснува во прва образовна институција за длаборез и иконографија. Хроничарите забележале дека во дрворезбарскиот оддел најмногу внимание се посветувало  на „дебрско-галичкиот-византијски дуборез“.Но, покрај тоа се учеле барок, ренесанса и готика“.

Dimce JankoСе претпоставувало дека учениците покрај црковните ќе изработуваат и други уметнички предмети. Меѓу првите нарачки бил иконостасот за црквата во Свети Наум. На него работеле, резбарските бардови Димче Јанко и Славе Атанасоски Крстанче. Подоцна по ослободувањето учениците од Дуборезачка го изработуваат познатиот работен кабинет на Јосип Броз Тито. Охридските дуборезачи имале привилегија да учат занает непосредно од мајстори  по иконографија , цртање и скулптура, од Димче Коцо, Андон Дуков, Вангел Коџоман. Покрај оснивачот Бранко Јованчевиќ тука бил и белграѓанецот Бранко Шотра и уметниците Кондмиров и Шивачев. Љубен Џамбазов  и денес се сеќава на Бране, како што го наркувале охриѓани, а кој трагично загинува во пожар едно јануарско утро 1949 година. 

Ваквиот облик на обнова на традицијата во Охридска дуборезачка школа многу брзо  вродил со плод. Производството под овој бренд станува мерка за вредност во општествените слоеви и лесно се прилагодувало за сувенирското  производство. Но, за жал со згаснувањето на школата и на Атељето по Втората светска војна и негрижата на институциите во образовните  реформи,  згаснува. Се прекинува негувањето на резбарските кадри. Длетата ги покри пајажината на заборавот.

rezbaНо секоја генерација во генот го носи непреболот и немирот на традицијата па така пред 20 –тина години повторно заживеа замрената уметност. На почеток како срамежливо и самоиницијативно изучување на занаетот. Резбарот Драган Нелоски е припадник токму на таа генерација возобновувачи. Занаетот го изучил  за прв пат во Емо, каде што постоело Атеље за резба. „ Постарите мајстори несебично ни ги откриваа тајните на резбарството, вели Нелоски. Денес младите не покажуваат интерс за изчување на занаетото“.            

И постариот резбар Љубен Џамбазов вели дека младите не се заинтересирани за учење. Бараат веднаш да им платиш, а каде има ем да го учиш ем да  го плаќаш вели Џамбазов. Резбарството не е тешко, вели чичко Љубен ама бара посвтеност и постојана работа исполената со  голема љубов.                     

rezbaОбидите на поедини образовни институции во рамките на стручните училишта да формираат паралелки  за изучување на резбарството  останаа безуспешни. Пред неколку години пропадна обидот во ОСУ  Св. Наум Охридски да се воведе  паралелка во која ќе се изучувa резбарството.                                           

Останува иднината да покаже дали звукот на токмакот и длетото ќе изчезнат засекогаш, а со нив и дел од душата на нашиот народ,  или младите генерации ќе најдат љубов во себе и мотив од околината да ја продолжат магијата на обликување на дрвото.


{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top