Skip to main content

Стопански риболов

Издавањето на Охридското езеро под концесија се коси со препораките на УНЕСКО

Издавањето на Охридското Езеро под концесија за стопански риболов се коси со препораките на Унеско, велат експертите. Во Стратешкиот план за рехабилитација на Охридскиот регион, кој го изработија македонската и албанската влада јасно стои дека има забрана за риблов на ендемичните видови риби, кои со години се на работ на исчезнување. Пред една недела струшката фирма „Еко свест” ја доби концесијата на повикот од министерството за земјоделие.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро

Струшката фирма „Еко свест” ја доби концесијата за стопански риболов на Охридското Езеро. Експертите велат доделување на концесија за риболов е контрадикторна одлука и се коси со Стратешкиот план за рехабилитација на Охридскиот регион, кој го изработија македонската и албанската влада. Во него јасно стои дека има забрана за риблов на ендемичните видови риби, кои со години се на работ на исчезнување.

На четириесеттата страна на овој документ јасно стои дека треба да има целосна забрана за риболов на Охридското Езеро до моментот кога ние ќе имаме податоци дека рибниот фонд не даде гаранција дека немаме проблем за најважните видови риби – ендемичните. Од другата страна пред една недела министерството за земјоделство го дава под концесија Охридското езеро – вели Аријан Мероли истражувач и експерт за заштитени подрачја.  

Риби

Согласно договорот за концесија, концесионерот годишно ќе може да лови 3000 кг пастрмка, 8000 кг белвица, и стрикно одредени килограми од другите видови риби, што според експертите доколку се придржува на лимитираните квоти за шест години ќе има загуба од околу 2 милиони евра.

Еден детален финансиски план покажа дека концесионерот ќе има загуба околу 2 милиони евра за 6 години. Затоа што концесијата според основниот документ на рибарство укажува дека треба да има лимитиран лов на пастрмка, белвица, јагула, крап и другите видови риби. И според стандардните цени кои ги има сега на пазарот овие риби ние правевме анализа која покажа максимум може да заработи во текот на 6 години е 1,900 000 евра. А според условите на концесија треба да има 12 чувари, кајчиња, менаџер на финасии плус 30 кајчиња и 60 рибари и според минималните цени на овие трошоци чини 3,7 милиони евра – појаснува Мероли.

Риби

Според експертите со издавањето на Охридското езеро под концесија за стопански риболов се прекршуваат и двете препораки на Унеско а тоа се: да се направи детална анализа на рибниот фонд во Охридското Езеро и воведување на унифициран систем за риболов во двете земји.

Во 2020 година, поради незаконско работење, Владата ѝ ја одзеде концесијата за риболов во Охридско Езеро на фирмата „Летница белвица”.

Охридско езеро
Риби
Охридско езеро

Новинар : Соња Рилковска