Изгласан нов ребаланс на буџетот на Општина Охрид за 2023 година
Изгласан уште еден ребаланс на буџетот со кој се обезбедија средства за исплата на долгови кон доверители. Советниците од опозицијата во советот на Општина Охрид, прашуваат уште колку ребаланси се потребни до крај на календарската година. Координаторката на советничката група на СДСМ од Охрид Живка Ангелоска, се надева дека измените на еден дел од програмите и измени на буџетот за 2023 година, кои се предизвикани главно од веќе извршена, но и очекувана заплена на извршни средства од буџетот, се во рамки на законската регулатива.
„Уште колку ребаланси на Буџетот до крајот на оваа година и дали локалната власт планира секој месец да ја менува структурата на Буџетот.02,21(лепи)03,52„Она што е позитивно од целата работа е дека верувам дека ќе се раздолжи општината, имајќи во предвид колку средства се запленуваат и ќе стане постабилна, но проилзегува дека еднакво е тешко да се менаџира со повеќе средства, како и со помалку средства во буџетот.“ – кажа Живка Ангелоска, координаторка на СДСМ.
Ангелоска со предлог, зголемениот прилив на средства во општинскиот буџет, кој е последицица на измените на законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за зголемување на нивната финансиска стабилност и сигурност, да се искористи и за обезбедување на стабилно функционирање на јавните претпријатија. Сашо Донев, Преседател на Советот на Општина Охрид, објасни дека со зголемувањето на платите и другите трошоци, реалноста е дека општината има многу малку средства во текот на месецот за исплата, како за тековни трошоци, така и за стари долгови. Донев објасни дека овој ребаланс се прави да се спасат 15 милиони денари кои се очекува да се извршат во наредниот период, а со тоа да се стигне до реализација над 75%, што пак ќе дозволи законско зголемување на општинскиот буџет за 40 милиони денари до Нова година, со барање од Министерството за финансии. Владеачкото мнозинство во Советот на Општина Охрид уверува дека сметката на Општина Охрид ќе биде одблокирана следната година.
„Сум убеден дека после овој буџет ќе имаме буџет со којшто ќе може да ја раздолжиме Општина Охрид и после 30 години ќе има одблокирана сметка. Е тогаш ќе видиме кој колку и како ќе може да работи и дали ќе може да ги потрошиме парите и дали имаме или немаме проекти.“ – кажа претседателот на Совет, Сашо Донев.
Советникот од ВМРО Народна Ванчо Костоски кажа дека на овој начин враќаме стари долгови, но создаваме и нови обврски, ако се предвидени тендери, не може да се обезбедат средства овие месеци и за сработени работи нема да има средства за исплаќање. Костоски предложи, за да се намали бројот на ребаланси на буџетот до крај на годината, да се формира посебна ставка во буџетот за наредната година, од која ќе се земаат средства за исплата на стари долгови.
„Треба во наредниот буџет кој во декември ќе го носиме да си предвидите, тие кои го правите буџетот, Градоначалникот. Да си предвидите посебна ставка во која ќе ставите колку, што ќе очекувате да има приливи, односно извршувања. Сега знаете од искуство, колку годишно средства одат на трошоци по основ извршувања, барем 70-80%, да се погоди сумата и да се стави посебна ставка од буџетот за плаќање на стари долгови, тие што го прават буџетот, знаат.“ – кажа Ванчо Костоски, советник од ВМРО НП.
На овој начин нема да се одземаат од предвидените средства за реализација на програмите, додаде Костоски. Посочи дека искуството покажува дека некаде 100 милиони денари се извршени или 1.6, 1.7 милиони евра, сума која до крај на годината ќе се зголеми и може да достигне и до 1.8 милиони евра. Костоски подвлече дека зголемувањето на сумата со која треба да се платат долгови кон извршители и нов ребаланс, ќе прави проблеми во реализацијата на соодветните програми.