Утрово бил пријавен пожар на територија на Национален парк Галичица, кај место викано Царина од преспанска страна.
Пожарот бил локализиран од страна на вработените во НП Галичица, Противпожарна единица – Ресен, МВР -Ресен, граничната полиција и локални доброволци.
“Локализираниот пожар ќе се набљудува и понатака од страна на чуварите на паркот и навремено ќе известуваме за состојбата на истиот. ” – велат од НП Галичица.
Оттаму изразуваат благодарност до Противпожарна единица-Ресен, МВР-Ресен, Граничната полиција и локалните доброволци за брзата реакција.