Skip to main content

Стопанство

Изградба на нов погон за електрични полначи во Охрид

Отворање на нови работни места, но и вложување во други индустрии во земјава, најавуваат од групацијата Костал. Вицепремиерот Битиќи најави поддршка од владата за компаниите кои ќе инвестираат во земјава.
 |  Валентина Неловска  | 
nov pogon kostal

Групацијата Костал најави изградба на нов погон за производство на електрични полначи во Охрид. Со новите инвестицски планови на групацијата беше запознает вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. При тоа, Битиќи кажа дека владата дава поддршка на компаниите кои ќе развиваат вредносни ланци во нашата земја. Ова е одговор на глобалната криза, од која се бара излез со партнерско и паметно делување, рече при тоа вицепремиерот.

Ова е прозивод со висока додадена вредност од исклучителна важност за развој на нашата економија. Зборувавме за потпишување на договор за државна поддршка во вредност од 25 милиони евра, со нови 200 ваработувања во првичната фаза, со кое е планирано производството на полначи за електрични возила да започне во 2024 година“ – кажа Битиќи вицепремиер за економски прашања.

Досега, Костал има вложено над 100 милиони евра во погонот во Охрид. Планира, од 2024 година, тука да ги произведува сите системи на полначи за возилата Фолксфаген, како Пасат, Шкода Октавија, Ауди, Порше, кажа Виктор Мизо, генерален директор на групацијата Костал Охрид.

Планот од инвестицијата од 25 милиони евра и 200 нови вработувања има потенцијал да биде зголемен на 40 милиони евра и 350 нови вработувања. Тоа ќе биде одлучено во следните 2-3 недели. Станува збор за технички најсофистицирано произвдоство кое се произведува во Костал групацијата во Европа и технолошки најнапредно производство во автомобилската индустрија во Македонија“, потенцира Виктор Мизо, генерален директор на „Костал“ Македонија.

Исто така, на средбата беа претставени и планови за излез од економската криза во која се наоѓа автомобилската индустрија, а беше посочено и можно инвестирање во произвдоство на електрични возила во Охрид и земјава. Во работната посета на групацијата Костал беше и Ото Графф заменик Германски амбасадор во земјава.