Skip to main content

Изградбата на плоштадот кај мини маркет и понатака во мирување

Изградбата  на плоштадот кај мини маркет и понатака во мирување.

 |  Валентина Неловска  | 
plostad

plostadИзградбата на плоштадот кај мини маркет и понатака е во мирување. По 9 месеци од започнувањето на  градежните активности  тие никако да се привршат.
Во непосредна близина на паркот има пошта, експозитура на банка и продавници кои имаат негативен ефект во работата заради тоа што клинетит еги заобиколуваат поради лошата инфратструктруа.   
Жителите од населбата Билјанини извори кои го користат патот покрај паркот во зимските и пролетните месеци газеа по кал, а  сега се соочуваат со прашина. Многу од нив се револтирани и им смета неуредениот простор.

Локалната самоуправа не ги исполни првичните ветувања дека на почетокот од оваа година жителите од населбата Билјанини Извори ќе добијат современо уреден парк.  Застојот на градежните работи го објаснуваат  со бројни причини. Првично наведуваа дека градењето не го дозволуваат зимските  временски услови,  потоа пристигна објаснување дека на тендер ќе се избираат гранитни плочки, па се продолжи со нова причина на тендер за избор на мозаично уметничко решение за фонтаната. Иако на плоштадот досега градежните работи ги изведува  ЈП Нискоградба, најновото објаснување е дека работат се пролонгирала поради законскиот  избор на економски изведувач на работите. Од Локалната самоуправа за  крајниот  рок за завршување на грдежните зафати на плоштадот  повторно  наговестуваат.
plostad

„ Беше најавено дека до 1 јули ќе биде завршено. Свесни сме дека доцниме со реализација, но мораше да се испочитуваат некои законски работи. Но, од она што надлежните служби ме информираа би требало многу брзо да се заврши. Тоа може да значи и 1 јули и 15 јули. Знаеме дека доцниме, но нема да се пролонгира низ цела сезона, на крај на овој месец или на средина на јули просторот ќе биде уреден“, посочува општинскиот портпарол Томе Џамтоски.   

Жителите и дуќанџиите кои ги трпат последиците од доцнењето на градежните работи, а кои го користат патот покрај паркот, апелираат до надлежните. Во меѓувреме, додека  завршат градежните работи на плоштадот  барем  да  постават бекатонски плочки и да создадат основни комунални услови за да можат нормално  да функционираат.