Skip to main content

Излеани реки на територијата на Општина Дебрца

Градоначалникот Сиљаноски потенцира дека засега нема ниту еден поплавен објект.
 |  инфодеск  | 

Поради обилните врнежи, излеани се неколку речни корита на територијата на Општина Дебрца, информира градоначалникот Златко Сиљаноски.

Екипите на општината се на терен уште од вчерашниот ден и активно се работи со расположливата механизација. Во интервенциите се вклучени и приватни компании со цел навремено и ефикасно справување со состојбата, посочува градоначалникот.

Сиљаноски потенцира дека засега нема ниту еден поплавен објект.

Додава дека внимателно се следи целата ситуација, а екипите остануваат на терен подготвени за навремена реакција доколку има потреба.