Излеани реки на територијата на Општина Дебрца
Градоначалникот Сиљаноски потенцира дека засега нема ниту еден поплавен објект.
Поради обилните врнежи, излеани се неколку речни корита на територијата на Општина Дебрца, информира градоначалникот Златко Сиљаноски.


–Екипите на општината се на терен уште од вчерашниот ден и активно се работи со расположливата механизација. Во интервенциите се вклучени и приватни компании со цел навремено и ефикасно справување со состојбата, посочува градоначалникот.
Сиљаноски потенцира дека засега нема ниту еден поплавен објект.
Додава дека внимателно се следи целата ситуација, а екипите остануваат на терен подготвени за навремена реакција доколку има потреба.


