Skip to main content

Автопат кичево охрид

Петкоска : Излеговме на терен за да се увериме како лаже Ковачевски

Нема интензивирање на градежните работи на автопатот Кичево-Охрид, кажа денеска пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Лидија Петкоска во врска со изјавата на премиерот Ковачевски за завршени 57 км од делницата. Граѓаните и туристите кои доаѓаат во Охрид најдобро знаат дали навистина возат по нова автопатска делница до Охрид, посочи пратеничката.
 |  инфодеск  | 
Лидија Петкоска

Излеговме на терен за да се увериме како лаже Ковачевски и дали навистина се завршени 1300 км патишта коишто Премиерот гордо ги исчита на седницата за пратенички прашања во четвртокот и за кои дури видовме и совршено склопен и намонтиран видеоспот, кажа денеска пратеничката од Охрид, од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска.

Во моментов се наоѓаме на делот од 57-те километри од автопатот Кичево-Охрид за кои Димитар Ковачевски во четвртокот излажа дека се завршени – истакна Петкоска.

„Не гледаме работници, не гледаме машини, но треба да веруваме во лагите дека Владата вложува во патна инфраструктура која треба да значи развој на економијата и развој на туризмот“, кажа Петкоска потенцирајќи дека граѓаните и туристите кои доаѓаат во Охрид најдобро знаат дали навистина возат по нова автопатска делница до Охрид. Петкоска посочи дека СДСМ дојде на власт во 2017 г. со ветувањето за конкретна изградба на автопатот Кичево-Охрид, за истото повторно да го вети со програмата „Можеме“ и со програмата „План за живот во Македонија“,кажа пратеничката.

Во моментов имаме уште едно ново лажно ветување за конкретна реализација на автопатот Кичево-Охрид во оваа 2023 год. Речиси 6 години по овие лажни ветувања, завршена и пуштена за сообраќај, но под времен режим, е само десната страна од делницата помеѓу Требеништа и Охрид во должина од 8,5 км – вели Петкоска.

Реалноста е дека ископаните патишта и дупките остануваат и понатаму да сведочат за тоа дека Владата ниту вложува во инфраструктура, ниту пак се грижи за интензивен или било каков економски и туристички развој, обвини Петкоска и додаде дека поради тоа потребни се итни предвремени парламентарни избори со кои грижата за Македонија ќе ја преземе нова сериозна Влада.