Skip to main content

ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид

Излезе уште една генерација техничари за индустриска мехатроника од ОЕМУЦ

Учениците кои го положија заврѓниот испит се стекнаа со сертификати за завршено дуално образование според германскиот модел.
 |  инфодеск  | 
ОЕМУЦ Мехатроника

На 17.07 и 18.07. 2023 година се спроведе завршниот испит по германски модел за учениците од четврта година од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника во ОЕМУЦ „СВ Наум Охридски“-Охрид.

Овој испит се спроведува втора година по ред и се состои од теоретски и практичен дел. На теоретскиот дел од испитот учениците одговараа на 22 прашања со повеќекратен избор и решаваа 6 задачи. Прашањата и задачите беа од стручните предмети кои ги изучуваа учениците во текот на своето четиригодишно образование.

На практичниот дел од испитот кој се одржа во компанијата Костал, учениците ги покажаа своите знаења и вештини при поврзувања на специјални мехатронички сетови кои се обезбедени преку Делегацијата на германското стопанство. При тоа учениците требаше да извршат поврзувања на различни елементи со користење на зададени електрични шеми и да ги оспособат сетовите за правилно функционирање.

Повеќето ученици успешно го положија испитот и со тоа се стекнаа со сертификати за завршено дуално образование според германскиот модел.

На сите ученици кои го положија овој завршен испит од училишниот центар „Св Наум Охридски“ им честитаат на успехот и им посакуваат успеси во животот и работата и во иднина.