Skip to main content

општина охрид

Изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумоски и традиционална изложба од Фото клубот Охрид

Во рамки на честувувањата посветени на патронот на Охрид, Свети Климент Охридски, вчеравечер во Центарот за култура “Григор Прличев” беше отворена изложбата ” 100 години од раѓањето на Вангел Наумоски”.
 |  инфодеск  | 

Во рамки на честувувањата посветени на патронот на Охрид, Свети Климент Охридски, вчеравечер во Центарот за култура “Григор Прличев” беше отворена изложбата ” 100 години од раѓањето на Вангел Наумоски”. Љубителите на уметноста имаа можност да ја видат уникатната  збирка на овој еминентен сликар, која е во сопственост на ЈЗУ Специјализирана  болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо Охридски“ – Охрид.

Промотор на изложбата беше проф.д-р Димитар Пандев. Пред присутните свои поздравни обраќања Рубенс Наумовски, син на Вангел Наумовски, директорот на Специјализаираната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо”,   Хари Шокароски и градоначалникот Кирил Пецаков.

Исто така, во рамки на честувувањата посветени на патронот вчеравечер  на Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворена и традиционалната изложба на фотографии на Фото клубот „Охрид“, на која беа прикажани фотографии од убавините на градот.