Skip to main content

И жените фотографираат зар не

Изложба на дела од фотографките од Фото клуб Охрид

Изложбата ќе се отвори во вторник 25.04.2023 г. во изложбениот салон при НУЦК „Григор Прличев“.
 |  инфодеск  | 
фотографки Фото клуб Охрид

Во годината на одбележување на 65 години НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и 25 години постоење и успешна работа на Фото клуб Охрид- Охрид , НУЦК „Григор Прличев“ и Фото клуб Охрид ќе Ве почестат со изложба на фотографии на женските членови на Фото клуб Охрид.

Изложбата е насловена „И жените фотографираат зар не“, а на неа ќе бидат изложени дела на Катерина Василевска, Маријана Пипилева, Анета Јованоска, Јасна Христовска Донева, Лидија Стефаноска, Марија Савеска, Сања Бачевски, Филис Ајруш, Нина Ангелоска, Марија Биткоска, Љубица Трајческа, Јулија Блажеска и Лихнида Спироска.

„Ќе ни биде огромно задоволство ако не посетите и уживате во прекрасните фотографии.„ – велат од центарот за култура и Фото клуб Охрид.

Изложбата ќе се отвори во вторник 25.04.2023 г. во изложбениот салон при НУЦК Григор Прличев-Охрид во 18.00 часот.

изложба фотографки Фото клуб Охрид