Изложба на Емел Махмуд во куќата на Робевци
Прва самостојна изложба на охриѓанката Емел Махмуд.
Синоќа во куќата на Робевци беше отворена првата самостојна ликовна изложба на Емел Махмуд. Како што кажа уметникот Никола Николоски за делата на Емел, публиката нема видено досега вакви неоткриени дела. Додаде, дека Емел сликите ги чувала само за себе бидејќи нејзиниот сензибилитет не и дозволувал своите дела да ги покаже во јавноста.
„Преку доста голем број на разговори ние успеавме да ја натераме на некој начин да отвори своја изложба во прекрасната куќа на Робевци во Националниот Музеј и ова е една прекрасна можност да ги видиме нејзините слики кои со години биле скриени во нејзината куќа“ – нагласи Николовски.
Сликам во сув пастел вели уметничката Емел Махмуд која прв пат се појавува со самостојна изложба во Охрид. Нејзиниот мотив е љубовта кон сите народи, природата, животните и се што постои во светот.
„Инспирација добивам од убавиот Охрид од природата и се запазени дервишите од Мевлана, со моја имагинација се трудам да ја претставам нивната безгранична љубов кон Бога и кон универзумот преку форма боја и линија“ – појаснува Махмуд.
Самостојната изложбата на уметничката Махмуд има 22 слики, кои во куќата на Робевци ќе бидат изложени до 8 ми август, така што сите љубители на ликовната уметност во тој период ќе можат да ги погледнат. Инаку уметничката Махмуд основното образование го стекнала во ОУ „Братство и единство“. Со средно образование продолжува во гиманизјата „Св. Климент Охридски“,по што се запишува на факултет за ликовни уметности на универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи како наставник по ликовна уметност во ОУ „ Братство и единство“.
{loadposition content9}