Skip to main content

Изложбата „Мечти“ на Јана Маркоска ги воодушеви посетителите

„Мечти“ – уметничкиот свет на Јана Маркоска оживеа во галеријата на Вангел Наумоски
 |  инфодеск  | 

Во прекрасна и топла уметничка атмосфера вечерва беше отворена самостојната  изложба „Мечти“ на охридската уметница Јана Маркоска. Во галеријата на нејзиниот дедо, легендарниот Вангел Наумоски, посетителите уживаа во триесетината извонредни дела што зрачат со суптилност, длабочина и искрена емоција.

Секоја слика носи свој уникатен свет — полн со светлина, соништни тонови и префинета чувствителност што веднаш го допира гледачот. Маркоска успева да ја пренесе својата внатрешна поетика на платно со редок лирски израз, создавајќи дела што долго остануваат во мислите. „Мечти“ не е само изложба, туку уметничко патување што ја слави креативноста, семејната традиција и магијата на инспирацијата.

–Мечта  за мене е некој внатрешен простор, место акде душата  може слободно да дише без да бара дозвола.  Се надевам дека публиката ќе може да добие охрабрување за своите сопствени мечти. За оваа изложба, за овие триесеттина изложени дела користев, различни техники се повеќето се масло на платно, акрил на платно и неколку акрил на хартија. Би сакала секој псоетител да понесе внатрешно чувство, внатрешен трепет, нешто што ќе им се појави можеби псоле неколку денови а нема да знаат од каде дошло, вели Јана Маркоска Наумовска.

Убавината на вечерта беше збогатена и со нежните звуци на пијано и виолина, што дополнително ја нагласија интимната атмосфера и им овозможија на присутните целосно да се препуштат на уметноста.

-Таа истото знае да го пренесе на платно со голема експресивност, љубов топлина и упорност во работата. Низ овие дела таа е мотивирана инспирирана од дедо и Вангел велеше, инспирацијата е во човекот, сите го гледаме опкуржението, но сите го гледаме тоа различно, рече нејзиниот татко Рубенс Наумовски уметник.

Името на нејзиниот дедо Вангел Наумовски и токму тука во таа невидлива нишка што ја поврзува со него стои една длабодка симболика. Уметноста кај Јана не е повторување, туку продолжување, не е сенка туку светлина што движи напред.  Таа ја носи неговата духовност но создава со сопствен глас, вели Ана Крстеска заменик градоначалник на Охрид.

Изложбата беше дел од чествувањата на заштитникот патронот на Охрид Свети Климент Охридски.

Новинар: Соња Рилковска