Творештво
Изложба на дела од роднокрајни писатели
Со изложба на книги ќе се одбележат родендените на роднокрајните автори родени во април. Томе Момировски, Миле Волканоски, Куртиш Демироски- Незир, Боро Ситникоски, Веле Митаноски, Дамјана Видическа, Мишо Јузмески и Ѓоко Чингоски.
НУ Градска Библиотека „Григор Прличев“ продолжува со одбележување на родендените на роднокрајните автори.
Во април родени се писателите и публицисти: Томе Момировски, Миле Волканоски, Куртиш Демироски- Незир, Боро Ситникоски, Веле Митаноски, Дамјана Видическа, Мишо Јузмески и Ѓоко Чингоски.

Изложбата со книги од нивното творештво е поставена на влезот во одделот за зајмување во библиотеката и може да ја погледне секој корисник на услугите на библиотеката. Потсетуваме дека библиотеката за читатели е отворена од понеделник до петок од 8.30 до 18.30. Годишната членарина за деца е 200, а за возрасни 300 денари – информираат од Градската Библиотека.


