Skip to main content

Во Куќата на Робевци денеска патувачката изложба на големите јапонски мајстори за дрворези

Денеска петок во 13:30 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена патувачката изложба на големите јапонски мајстори за дрворези – УКИЈО-Е од XVII и XVIII век.
 |  инфодеск  | 

Патувачката изложба содржи 30 реплики од најпознатите мајстори на дрворези од XVII и XVIII век. Изложбата на македонската публика ќе и го приближи „светот кој лебди“, кој го отсликува подемот на трговската класа доловен од страна на најзначајните мајстори на УКИЈО-Е.

Изложбата е во организација на МузеумЛинк раководена од Јасминка Намичева, „Архифакт“ – Скопје, здружението за архитектура, дизајн и култура и Музеј на град Скопје.

Изложбата ќе патува благодарение на поддршката на AOTS, ТЕП Раде Кончар и Амбасадата на Јапонија по повод 30 години од воспоставување на дипломатските односи јапонски лебдечки свет.

Изложбата ќе ја отворат Н.Е. г. Казуја Оцука, Амбасадор на Јапонија, г-ѓа Јасмина Намичева, кустос и м-р Сашо Блажески.