Skip to main content

„Научна и уметничка визита 2023“

Изложба „Св Наум во делата на Славко Упевче“ вечерва во Куќата на Уранија

Вечерашната изложба е убава можност за охриѓани и гостите да уживаат во уметнички жар со кој Славко Упевче пристапува на неисцрпната убавина на овој предел.
изложба Славко Упевче

Со отворање на изложба на дела од колекцијата на Славко Упевче инпирирани од Свети Наум, вечерва во Куќата на Уранија, во 20 часот започнува годинешната „Научна и уметничка визита 2023“.

Убавините на Св Наум видени низ уметничкиот сензибилитет на академскиот сликар Упевче беа претставени на изложба во 2011 -тата година по повод 1100 години од упокојувањето на Св. Наум Охридски. Љубителите на уметноста остануваат маѓепсани пред  неговите пејзажи,  изработени во техниките сув пастел, масло на платно и акварел.

Вечерашната изложба е убава можност за охриѓани и гостите да уживаат во уметнички жар со кој Славко Упевче пристапува на неисцрпната убавина на овој предел. 

„Научна и уметничка визита 2023“ во организација на Македонската академија на науките (МАНУ) и во претстојните денови ќе понуди бројни културно-научни содржини.

Во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ, на 10, 11 и 12 август ќе се одржи лингвистичка работилница насловена „Дијалектна обработка на македонскиот јазик“.

Одделението за лингвистика и литературна наука при МАНУ пак на 25 и на 26 август организира Конференција за кинескиот јазик, литература и култура.

Поетската средба насловена „Разговор со академик Павле Горановиќ“ е предвидена е на 27 август.

Во рамки на програмата ‘на визитата е ќе биде промовирано и Издание посветено на научноистражувачката работа на академик Алајдин Абази по повод 80 години од неговото раѓање.

Научната и уметничка визита завршува со Охридската школа на природно право што ќе се одржи од 29 август до 2 септември.