©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Архивистика

Изложени значајни документи на денот на архивите

Македонската историја е мозаик составен од локални истории. Презентирани значајни историски документи од минатото на градот и околината. Охридскиот историски архив го одбележа Меѓународниот ден на архивите.
 |  Валентина Неловска  | 
Денот на архивите

Градскиот историски архив го одбележа Меѓународниот ден на архивите со изложба на документи од локално значење.

За првпат се објавени значајни документи од минатото на Охрид, Струга, Дебар, Дебрца, Вевчани, Кичево, Центар Жупа – информира Никола Митровиќ Бабе, директор на Историски архив.

Македонската историја е мозаик составен од локални истории. Овие документи ја прикажуваат Македонската историја од различен временски период и области, а Митровиќ издојува еден истроиски момент од мноштвото важни документи од нашето минато. 

Еден интересен документ од 1962 година сведочи за луѓето од село Белчишта кои собирале средства со месен самопридонес за да изградат сопствена кино сала. Тоа е интересен момент од кој се согледува поттикот на мештаните за културно издигнување и живеење и на село – истакнува Митровиќ.

Во јавност за првпат се презентирани фотографии од невреме кое ја зафатило Струга во      периодите 1957 и 1962 година, значајни историски документи од манастирот Св. Јован Бигорски кои биле презентирани и во Ватикан, како и лични фондови од поети.

Интересна изложба претставена како урбана. Заради променливите временски прилики ја поставивме во предворјето на архивот – вели Митровиќ.

Заинтерсираните граѓани може да ја погледнат изложбата во просториите на градскиот архив секој работен ден. Вредниот тим на Историски архив ќе ја доближи до посетителите и во центарот на градот во текот на летниот период.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top