Skip to main content

Изложба на фотографии „ Катедралата Св. Софија од Охрид до Полоцк“

 Изложба на фотографии „ Катедралата Св. Софија од Охрид до  Полоцк“.

 |  Валентина Неловска  | 
ст
ст

Отворена изложбата на фотогарфии насловена Света Софија Катедралата  од Охрид до Полоцк. Изложени се фотографии од катедралната црква Св Софија која се наоѓа во белорускиот град Полоцк, а подготвени Сергеј Тарасов, историчарот и археолог кој  30 години работел на проучување на Полоцк. Традиционално се верувалео дека на територијата на Источна Европа има 3 катедрали посветни на Света Софија,  и тоа во Новгород, Киев и Полоцк објаснува  Тарасов. Се врувало дека црквите во Новгород и Киев биле градени според стилот на црквата во Константинопол . Но јас бев уверен дека Св Софија во Полоцк е изградена според Охридската  Св. Софија. Иако територијалната  далечина е голема, но од 11 век се пронајдени многу културни и архитектонски и други врски, вели Тарасов.  

св

„ Главна идеја беше дека во Полоцк го зеле   христијанството од Македонија. Ова беше мојот сон да докажам дека е голема поврзаноста помеѓу Белорусија, Полоцк и Охрид, Македонија, вели Тарасов.

Изложбата е организирана од Институтот за социо-културна  антролопогија на Македонија во соработка со Европскиот хуманистички универзитет од Вилнус, Литванија.  
Охриѓани може да ја погледнат изложбата во Ценатрот за култура Григор Прличе во  Охрид.     


{loadposition content9}