Skip to main content

Изложба од скутини и парови чорапи дел од нашата традиција

 Изложба од скутини и чорапи дел од нашата традиција.

 |  Валентина Неловска  | 
skutnik
skutnik

Петнаесетина примероци на скутини и чорапи се изложени пред љубителите на народната уметност. Станува збор за делови од облека без кои не може да се замисли нити една народна носија, појаснува етнологот м-р Марија Каневче, автор на изложбената поставка во организација на Завод и Музеј. Избрани се најрепрезентативни примероци од повеќе делови на Западна Македонија, кажува Каневче. Додава дека тие се дел од нашата традиција и дело на македонската вешта жена која рачно ги работела овие предмети за облекување.

„ Скутините биле ткаени, најчесто со две дипли, хоризонтално и вертикално поставени. Додатно се украсувани со мониста, волнени топчиња, срма. Чорапите се плетни со пет, три и една игла. За чорапите  е карактеристично дека ги носеле и мажи и жени, за разлика од скутините кои ги носеле само  жените. Чорапите се карактеристични по тоа што се носеле како заштита од студ, но исто така и на  празници без разлика дали е лето или зима“.
skutnik
Преку изработката на скутини и чорапи доаѓала до израз  плетечката или ткаечката вештина на жените. Во однос на колоритот секој регион си имал своја карактеристика и  препознатливост, појаснува Каневче.

„ За Дебрца се карактеристични и доминатни жолтата и темно црвената боја, за охридското поле  е крактеристична темно црвената боја со топчиња од волна. За Дебарскиот крај пак е карактеристична шеќерната боја, а кај чорапите доминира црвената, белата  боја со нијанси на сите други бои. Чорапите за празник биле богато декоративно украсувани. Но, има и чорапи кои се едноставни со мала орнаментна линија на горниот крај која завршувала под коленото“.  

Изложбата е доказ за едно трајно уметничко творештво изразено преку овие два предмети за облекување кои се сведоци за нашата  богата традиција и култура која полека изумира. Изложбата е поместена во Музејот Куќата на Робевци, а ќе биде достапна за посетителите до 20 ноември.

{loadposition content9}