Отворена изложба на фотографии на тема: „Н.П. Галичица во есен“
Најмладите ги запознаваат природните убавини на Националниот парк Галичица. Инспирирани тие направија над 200 фотографии.
| Тања Кувенџиска | Охрид
izlozba Galicica
Најмладите ги запознаваат природните убавини на Националниот парк Галичица. Инспирирани тие направија над 200 фотографии.
Природните убавини на НП Галичица ги инспирираа основците од општина Охрид да направат фотографии со мотиви од паркот. Од денес тие и се достапни и на јавноста како дел од прославата на 50- годишното постоење на НП.
Најмладите вљубеници во природата направија над 200 фотографии на тема НП Галичица во есен, од кои 33 од денес се изложени во просториите на општинскиот Црвен крст.
Жири комисијата ги награди авторите на најдобрите три фотографии.
Изложбата на фотографии ќе биде отворена еден месец.