Измамите при онлајн купување во пораст
Расте бројот на измами при онлајн купување. До ОПМ и годинава поднесени стотици поплаки. Најголем дел од нив се однесуваат на техничките карактеристики на производите, доставувањето оштетен производ, недобивање гаранција, ниту фискална сметка.
Најчесто измамите се во е трговијата застапена на социјалните мрежи каде што има огромен број на нерегистрирани трговци.
„Честопати граѓаните се соочуваат со нелегални трговци кои не се регистрирани како правни субјекти, така да тие се потешкотиите. И кога ќе ги купат производите се со сомнителен квалитет или лош квалитет. Честопати не се пчитуваат ниту роковите на испорака”, вели професор Горан Попоски.
Измамените граѓани поднесуваат преставки до ОПМ, но за постапка пријава до пазарниот инспекторат или во полиција потребна им е фискална сметка, која најчесто не ја добиваат.
Експертите советуваат г да не се оставаат податоци од платежни картици на сомнителни страници. . Граѓаните пак, сведочат дека биле измамени.
– Квалитетот не е добар, едно на слика друго ти праѓаат по пошта
– Добив јас еднаш така во кутија, нарачан фустан ко отворив испадна да можам само на дожд да носам
-Се случува и слушам дека се случуваат такви работи
И покрај измамите е- трговијата последните години бележи глобален раст. Вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците во земјава и странство, во првите три месеци од 2023 година изнесува изнесува 10,3 милијарди денарии, односно бележи пораст од 20.7% во однос на истиот период лани.
Новинар Соња Рилковска