Skip to main content

Изменет распоред на богослужбите за Велигденските празници

Македонската православна црква — Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува своите верни чеда дека за време на претстојните Велигденски празници ќe има богослужба во сите парохиски храмови во нашата Епархија. Поради воведениот полициски час, а за да може верниците да присуствуваат на ситите и навремено да се вратат во своите домови, почетокот на службите се поместува од нивниот вообичаен термин од минатите години.

 |   | 

Македонската православна црква — Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува своите верни чеда дека за време на претстојните Велигденски празници ќe има богослужба во сите парохиски храмови во нашата Епархија. Поради воведениот полициски час, а за да може верниците да присуствуваат на ситите и навремено да се вратат во своите домови, почетокот на службите се поместува од нивниот вообичаен термин од минатите години. Затоа службите ке започнат според следниов разпоред:

На 29 април 2021 год. на Велики Четврток, службите ке започнат во 17.00 часот.
На 30 април 2021 година, на Велики Петок, службите ке започнат во 17.00 часот.
На 01 мај 2021 година, на Велика Сабота веиерта, службите ке започнат во 23.30 часот.

Ние, како православни христијани, сме должни да се грижиме и за душата и за телото. Токму затоа, како Црква, и секогаш апелираме за почитуваіье на мерките од Владата, зашто и Црквата е дел од оваа држава и се грижи за здравјето, телесно и духовно, на сите верници и на сите луге. Затоа сметаме дека со нашето внимание и со грижата за себе, но, пред её, со грижата за нашите ближни, можеме да придонесеме во голем дел што побрзо да се ослободиме од ова искушение.

Затоа, поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците, кои сакаат да дојдат во храмовите и да го дочекаат достоинствено Христовото Воскресение, дека ке мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречуваюе  и  ширеіъе  на  вирусот,  што  подразбира носеіье на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држеіье на определеното растојание.Се надеваме дека верниот народ ја разбира нашата грижа, особеношто ова е грижа, пред cè, за нив, за нивното здравје и за нашата иднина. Господ, нашиот Бог да нѐ избави од сите искушенија и да ни дарува здравје, мир и голема зубов, та да го дочекаме и Празникот над празниците,  светлото Христово Воскресение, во мир, зубов и добро здравје. Ви ги честитаме претстојните Велигденски празницп и Ве поздравуваме со древниот поздрав:

Христос воскресе!

Дебарско Кичевска Епархија