Skip to main content

Извештаите добри за советниците од ВМРО – ДПМЕ, лоши за СДСМ

Охридските јавни комунални претпријатија немаат капитал . Тоа го говорат нивните извештаите и апсурдно е тоа што мнозинството во совет истите ги подржува, критикуваа охридските социјалдемократи на денешната 69 седница на Совет. Додека пак, ставот на општината е дека, напротив поднесените извештаи за работа на јавните претпријатија како реализацијата на развојните програми говорат дека градот е спасен од тонење и дека се инвестирало и обновувало.

 |  Николоска Биљана  | 

Извештаите за реализација на програмите за 2016 на одделенијата и секторите при Локалната самоуправа, јавните претпријатија и образовните установи беа дел од точките на дневен ред на кои се расправаваше на 69 тата седница на Советот. Сите 54 точки поминаа со мнозинството на гласови од советниците на ВМРО ДПМНЕ и нивните коалициони партнери, додека пак советниците од опозицијата поголем број од точките не поддржаа. Јован Стојаноски координаторот на СДСМ истакна дека 4 години укажувале на лошите извештаи кои биле доставувани до нив. Тој посебно се осврна на извештаите на јавните комунални претпријатија за кои, како што истакна останале без капитал, а дел од нив како пример го посочи МЈП Проаква немало план за консолидација.

„Сведоци сме дека ќе се усвои извештајот за годишното работење на Водовод во кое што стои дека 400 до 500 илјади евра се направени се напаравени загуби а ние тоа, односно не ние, ние како советничка група не го усвојуваме и нема да гласаме за, советниците од ВМРО ќе дигнат два прсти и ќе го усвојат извештајот. 500 илјади евра да е направена загуба и тоа во континуитет од 4 години

Наспроти критиките на координаторот на СДСМ, секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, вели дека биле задоволни од досега сработеното, а тоа го докажуваат извештаите во кои се гледа дека 4 години Охрид се обновувал се инвестирало и се стопирало тонењето на градот.

„После 4 тиот извештај односно после 4 години мандат на оваа Локална самоуправа може да искажеме едно големо задоволство од начинот на работа на ЈП на територија на општина Охрид. ЈП во најголем дел се финансиски стабилизирани, вработените редовно примаат плата. Добро би било ако координаторот или некој од советничката група на СДСМ се одважел и кажел зошто за сума нешто повисока од 10 милиони денари во периодот јануари – март 2013 година е зголемена платата во тоа ЈП и сето тоа сериозно го оптоварило буџетскот работење на тоа претпријатие и по тие основи претпеијатието прави континуирна загуба“ 

Во врска со забележките на Стојаноски околу немањето на план за консолидација на ЈП Проаква директорот Томе Паскалоски со став.

„План за консолидација јас донесов уште кога станав директор и во мојот извештај јас ги кажав кои се моите планови. Најголемите трошоци нас ни беа за плати. И сега платите ни се 73 милиони од вкупно приходи 100 милиони, од нив исто така имаме 15 милиони за струја 8 за материјали и загубата е околу 20 милиони и не е точно дека загубата е поголема од лани загубата е помала со милион денари“

На 69 тата седница опозициските советници имаа забелешки и за извештаите на образовните установи посебно за долгот кон ЕВН на ОУ „Григор Прличев“, на тапет беше и реализацијата на програмата за одржување на јавна чистота, јавното осветлување, како и за инвестирање во инфраструктурно уредување на пристапот во објектот на ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“