Рок до 30 октомври за доставување извештаи за проектите од културата финансирани од Општина Охрид

Општина Охрид ги известува сите правни и физички лица кои имаат добиено средства за финансирање на програми и проекти од Одделението за култура на Општина Охрид за 2026 година, дека се должни да достават наративен и финансиски извештај за реализацијата на одобрените програми и проекти.
Образецот за наративен и финансиски извештај потребно е да го пополнат сите апликанти кои аплицирале со проекти во Одделението за култура и добиле финансиски средства за нивна реализација.
Апликантите кои се уште не го имаат пополнето и доставено извештајот, се повикуваат истиот да го пополнат и достават најдоцна до 30.10.2026 година.
Ова известување не се однесува на апликантите чија активност или проект е предвидено да се реализира во периодот од октомври до 31.12.2026 година.
Образецот може да се преземе на следниот ЛИНК.




