Skip to main content

општина охрид

Известување за добитниците на стипендии од Јавниот повик за лица со ретки и посебни потреби

Добитниците на стипендии од Јавниот повик за лица со ретки и посебни потреби треба да ги потпишат договорите до петок, 11-ти април.
 |  инфодеск  | 
Св Кирил и Методиј

Се известуваат добитниците на стипендии од Јавниот повик за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија, а се однесуваат на лица со ретки и посебни потреби на подрачјето на општина Охрид за учебната 2024/2025 година дека од денес 08.04.2025 (вторник) до 11.04.2025 година (петок) во период од 12:00 до 15:00 часот треба да дојдат во Малата сала во Општина Охрид за да ги потпишат договорите.

Добитниците на стипендија (малолетни лица) при потпишувањето на договорот, треба да дојдат во придружба на родител или старател.