Skip to main content

ООУ ,,Св. Климент Охридски”

OOУ „Св Климент Охридски“ нема да запишува првачиња кои не се од законскиот реон на училиштето

Известување на упис во прво одделение во ООУ ,,Св. Климент Охридски”
 |  инфодеск  | 

Од OOУ „Св Климент Охридски“ ги известуваат родителите дека нема да запишува првачиња кои не се од законскиот реон на училиштето.

Оттаму посочуваат дека бројот на ученици за наредната учебна 2024/2025 година за прво одделение е пополнет во централното училиште.

-Во останатиот период од законски предвидениот рок за упис ќе се примаат само ученици во прво одделение кои законски припаѓаат во нашиот реон. Исто така, во подрачното училиште во населба Далјан ќе се примаат ученици до пополнување на капацитетот на паралелката, информираат од OOУ „Св Климент Охридски“.