Skip to main content

Утре Охрид и околните места со намален притисок, а во среда цел град без вода

ЈП Водовод ќе врши поголеми зафати при реконструкција во пумпната станица Метропол како и празнење на главниот доводен цевковод.
 |  инфодеск  | 

Се известуваат граѓаните на Општина Охрид, дека поради изведување на поголеми зафати при реконструкција во пумпната станица Метропол како и празнење на главниот доводен цевковод со профил ф 711 мм, во Вторник на ден 31.03.2026 година после 22:00 часот, целиот град и околните места ќе бидат со намален притисок во водоводната мрежа, а на ден 01.04.2026 година (Среда) од раните утрински часови без вода ќе биде поголемиот дел од градот Охрид и околните места, се до завршување на предвидените активности.