Skip to main content

општина охрид

Известување за асфалтирање на дел од улицата „Даме Груев“

Утре ќе биде затворена за сообраќај улицата „Даме Груев“ на потегот од пресекот со улица „Македонски Просветители“ до пресекот со булевар „Туристичка“
 |  инфодеск  | 

Поради градежни активности за асфалтирање утре, (среда) 11.06.2025 година, согласно времениот режим, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Даме Груев“ на потегот од пресекот со улица „Македонски Просветители“ до пресекот со булевар „Туристичка“.

Се известуваат жителите кои што живеат во овој дел од градот и сите учесници во сообраќајот да не ја користат оваа улица.