Известување за достапност на документ и јавна расправа план за управување на животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
за под-проектот
ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА СПРОВЕДУВЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ООУ „ХРИСТО УЗУНОВ“, КП бр.10246, КО Охрид 2, Охрид;
ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА СПРОВЕДУВЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „БРАТСТВО ЕДИНСТВО“ – ЛЕСКАЈЦА ОХРИД К.П. 14100/1 К.О. ОХРИД 3 и ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА СПРОВЕДУВAЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ООУ „Св.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“, КО ОХРИД.
Во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии со финансиска поддршка од Светска Банка, Општина Охрид аплицираше со барање за финансирање три под-проекти:
- ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА СПРОВЕДУВЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ООУ „ХРИСТО УЗУНОВ“, КП бр.10246, КО Охрид 2, Охрид;
- ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА СПРОВЕДУВЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „БРАТСТВО ЕДИНСТВО“ – ЛЕСКАЈЦА ОХРИД К.П. 14100/1 К.О. ОХРИД 3 и
- ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА СПРОВЕДУВAЊЕ НА МЕРКИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ООУ „Св.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“, КО ОХРИД.
Согласно Рамката за животна средина и социјални работи изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беа подготвени документи “План за управување со животна средина и социјални работи” во кои се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на под-проектите. Овие документи се поставени за јавен увид на официјалните веб страници на:
Министерството за финансии (Под-проекти за енергетска ефикасност во единиците на локална самоуправа – finance.gov.mk) и на:
Општина Охрид: http://ohrid.gov.mk/ на 25.10.2024 година.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 30 дена од поставување на документите на веб страниците, преку пополнување на формуларот кој е достапен на следниот линк: http://ohrid.gov.mk
Во текот на периодот наменет за јавни консултации за ПУЖССР, ќе се одржи и јавна расправа за документите, како и за намерата за задолжување на Општината, на 30.10.2024 (среда) со почеток во 12.00 часот во Големата сала во Општина Охрид, со следниот дневен ред:
- Воведен збор на претставник од Единицата за спроведување на проектот при Министерство за финансии за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (претставник од ЕСП/МФ) – 10 минути
- Краток осврт на проектните активности од страна на консултантскиот тим за изработка на техничката документација (Заедничко вложување Инком инженеринг ДООЕЛ Скопје и ТП АНТЕВСКА Куманово) – 10 минути
- Информирање на јавноста за намерата за задолжување на Општината за под-проектите со кратка презентација на работите и финансикиот износ.
- Краток осврт на документите “План за управување со животната средина и со социјалните аспекти за проектот” (претставник од консултантскиот тим за изработка на техничката документација) – 20 минути
- Дискусија.
Датум на објава: 25.10.2024
Министерството за финансии
Единица за спроведување на проектот