општина охрид
Известување за сообраќаен режим на улицата „Даме Груев“
Известување за сообраќаен режим на улицата „Даме Груев“.

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од ден 12.05.2025 година (понеделник) од 06:00 часот наутро, поради реконструкција на дел од улица „Даме Груев“, целосно ќе биде затворен за моторен сообраќај делот од улицата, од пресекот со улица „Македонски Просветители “ до пресекот со улица „Булевар Туристичка“.
Воедно се известуваат и сите жители на овој потег дека почнувајќи од 12.05.2025 година од 06:00 часот наутро да не ја користат оваа улица за сообраќај и да не ги паркираат своите возила на овој дел од улицата, со цел непречено одвивање на активностите.







