Во тек е поднесувањето на барањата за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2023.
Апликациите може да се поднесат електронски преку порталот https://e-subvencii.ipardpa.gov.mk или директно во канцеларијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – подрачна единица Охрид
Рокот за електронското аплицирање е отворен до 30 јуни.
За повеќе информации за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2023 заинтересираните може да добијат дирекно во канцеларијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – подрачна единица Охрид.