Извонреден успех охридскиот тенисер Стојан Стојаноски
Охридскиот тенисер Стојан Стојаноски имаше одлична прва сезона во САД, по освојувањето на Државното првенство за мажи во Македонија
Охридскиот тенисер Стојан Стојаноски имаше одлична прва сезона во САД, по освојувањето на Државното првенство за мажи во Македонија.
– Тој продолжи со одличната игра и се натпреваруваше против најдобрите играчи во Американската Универзитетска NCAA лига. Беше избран во најдобриот тим во Југозападниот дел на Америка и истовремено беше избран за MVP (најдобар играч), односно најдобар студент-спортист на Универзитетот Алкорн. На овој универзитет во Мисисипи од минатата година се придружи и Ѓорѓи Поповски, уште еден македонски тенисер, па тие како македонска двојка имаа исклучителни резултати и беа еден од најдобрите парови во Конференцијата, информираат од тимот на Стојаноски.
Стојан студира компјутерски науки и својата извонредност ја пренесува и на академски план, завршувајќи ја втората година со највисоки оценки, при што добива бројни признанија од деканот на универзитетот за одличните резултати и за својата посветеност кон студиите.